Синоќа во 03:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Н.Т.(37), Л.З.(42), двајцата од Радовиш и П.М.(27) од село Моноспитово, струмичко, затоа што при преглед кај нив, кај Н.Т. била пронајдена бела прашкаста материја. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од струмичката полиција.