Вчера полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода И.Г.(41) и Т.Г.(41) од село Просениково, струмичко. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, информираат од СВР Струмица.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.