Вчера во 15:00 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода С.С.(35), а малку подоцна и М.Д.(40), двајцата од Струмица, поради тоа што околу 13:00 часот физички го нападнале В.К.(37) од Струмица, при што употребиле и тврди предмети. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од струмичката полиција.