вторник, 15 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Премиерот Димитар Ковачевски во посета на Струмица

понеделник, 27 ноември, 2023 | 15:42
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Премиерот Димитар Ковачевски во посета на Струмица

Премиерот Димитар Ковачевски во придружба на министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ денеска беа во постета на Струмица. Домаќин им беше градоначалникот Костадин Костадинов со кој во неговиот кабинет разговараа на повеќе теми поттикнати од актуелните состојби и новите предизвици и како се решаваат во Струмица. Владините гости го посетија и новоотворениот Младински центар во некогашните подрумски простории на општинската зграда.

Премерот Ковачевски ја посети Детската градинка „Виножито“, најголемата изградена установа за ран детски развој во државата, во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјални услуги и Светска банка.

„Најнапред благодарам на гостопримството да бидам дел од оваа градинка и од овој успешен проект. Овде се потврдува правилото дека работата дава резултати. Доказ е градинката „Виножито“, овде во Струмица, каде една година по изградбата и отворањето на овој современ објект, нè пречекаа насмеани деца, задоволни вработени и спокојни родители. И посебно е чувството кога тие резултати се насмеани деца, згрижени на топло и на безбедно, во нови и современи градинки, како што доликува на држава со перспективи, којашто успешно се развива по европскиот пат. Децата, тука во „Виножито“, се уверив и лично дека престојуваат во современи услови за предучилишно образование, игра, раст и развој, како што беше предвидено. Градинката има услови за греење на гас. Постојано се инвестира. И следен чекор е инвестиција во сензорна соба, за да се зголеми опфатот на деца со попреченост. Згрижени се и предвидените, над 300 деца во оваа навистина голема, современа и прекрасно опремена градинка“ – кажа Ковачевски при посетата на градинката.

Тој информираше дека инвестирано е и во други градинки во општината, односно во доградби на градинката „Детска радост“, при што, во еден од клоновите веќе е зголемен капацитетот за 57 деца, а во друг е зголемен опфатот за уште 68 деца. Направена е и адаптација на уште еден објект од оваа градинка, во село Куклиш, со средства од Општина Струмица, со што уште 58 деца добија можност за посетување предучилишно воспитание и образование. И, во село Муртино, со средства од Општина Струмица, е направена група, во други просторни услови, за згрижување 27 деца.

Премиерот Ковачески денеска го посети и Центарот за дневен престој „ЕДУ практика“ во Струмица. Децата кои го користат овој дневен центар имаат можност за разни активности, а овде се обезбедени и услуги за деца кои имаат потреба од индивидуален третман. Во моментот во државата има 35 државни дневни центри и 8 дневни центри како овој, во кои работат лиценцирани даватели на социјални услуги.

„Овој центар е уште еден сервис на граѓаните, а Владата тоа и го овозможува преку бројните реформи во системот за социјална и детска заштита кои ги спроведуваме од 2017 година наваму. Креираме  политики кои се системски и трајни и што е најважно создаваме услови за активно вклучување на лицата со попреченост во општеството, со што спречуваме каква било дискриминација, а од друга страна ги зајакнуваме сите форми на социјална солидарност. Со користењето на овие услуги во заедницата децата ќе може да ги надоградуваат своите функционални капацитети, а исто така  овозможуваме нивните родители или старатели да можат да работат, наместо да седат дома и да треба да ги чуваат да се грижат за децата“ – кажа Ковачевски.

Во Центарот за дневен престој „Еду практика“ Струмица, во моментов има вработено вкупно 12 лица, од кои 6 лица стручен кадар – дефектолози, психолози, социјален работник и логопед, 4 негувателки и 2 лица како помошен персонал.

Националното координативно тело во Владата, заедно со МТСП и германското друштво за меѓународна соработка и со исклучителна партиципација на лицата со попреченост и нивните организации направија нова Стратегија за лица со попреченост 2023-2030 година за чија реализација со Акциски План Владата одвои 46 милиони евра. Нејзината верзија во иднина ќе ја има пред себе секој функционер, а индикаторите за нејзината реализација ќе се следат преку мрежна  електронска алатка, каде лесно се гледа кој колку реализирал.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Исчезната е 37-годишна жена од Иловица

Next Post

Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ по денешната посета на премиерот Ковачевски на Струмица

Related Posts

Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“
Вести

Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“

вторник, 15 јули, 2025 | 08:13
Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“
Вести

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“

понеделник, 14 јули, 2025 | 17:45
Во прекин патниот правец од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница
Вести

Двајца млади струмичани превезувале 11 миграни од Египет – полицијата ги фати кај неготинско

понеделник, 14 јули, 2025 | 15:36
Струмица ја чествуваше 81-та годишнина од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето
Вести

Струмица ја чествуваше 81-та годишнина од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето

понеделник, 14 јули, 2025 | 12:42
Избувна пожар во стан во Струмица
Вести

Избувна пожар во стан во Струмица

понеделник, 14 јули, 2025 | 12:31
Денеска се навршуваат 81 година од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето
Вести

Денеска се навршуваат 81 година од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето

понеделник, 14 јули, 2025 | 07:41

ТОП ВЕСТИ

Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“
Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“
Избувна пожар во стан во Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist