Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица и Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во недела, 7 мај од 20:00 часот премиерно ќе ја прикажат претставата „Пчелите ќе умрат“ од Иван Вирипаев, во режија на Драгана Таневска. Улогите ги играт: Ангелина Тренчева Ангелова, Танкица Стојанова и Игор Тодоров.
Недела, 7 мај | 20:00 часот | Центар за култура Струмица | Влез: 300 денари