понеделник, 3 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Преку Форум на заедницата ќе се одлучува како да се намали аерозагадувањето и кои мерки да се применат во Струмица

среда, 25 септември, 2024 | 16:17
in Вести, НАЈАВА, Струмица
Во Струмица повторно во сила препораките и мерките за загадување на амбиенталниот воздух

Општина Струмица и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) денеска во 18:00 часот во хотел „Вила Парк“ во Струмица организира Форум на заедницата во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“. Форумот има за цел да ги вклучи граѓаните во решавањето на проблемот за аерозагаденоста која во Струмица е доста изразена пред се во зимските месеци. Ќе бидат одржани две форумски сесии од кои првата ќе биде вечерва во 18:00 часот на која може да биде присутен секој граѓанин кој има предлог или идеја како да се намали аерозагаденоста во Струмица.

Целта на првата форумската сесија е да се претстават резултатите од мониторингот на квалитетот на воздухот и главните извори на загадување на воздухот во Струмица, мерките и активности за справување со загадувањето на воздухот и да се одговори на прашањето како да се идентификуваат потребите на најранливите групи на граѓани за почист воздух. Учесниците на првиот форум, исто така, ќе имаат можност да дискутираат за одредени мерки и предлози за начинот на кој може да се унапреди квалитетот на воздухот во општина Струмица.

На втората сесија кој би се одржала според најавите во месец октомври пред граѓаните ќе се претстават неколку конкретни мерки, со цел да се одберат најсоодветните кои општината заедно со УНДП ќе може да ги спроведе во текот на 2025 година, а треба да придонесат за намалување на аерозагаденоста. Тие мерки може да се фокусираат на зголемување на енергетската ефикасност на училиштата, замена на нееколошките системи за греење во јавните општински објекти, поставување на системи за производство на струја од обновливи извори, изградба на велосипетски патеки, креирање на парк-шуми .

Фондот кој е на располагање за спроведување на мерките изнесува околу 340.000 американски долари. Општината се очекува да кофинансира половина од средствата за оваа намена.

Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска. Проектот го имплементира УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица. Во рамките на програмата исто така се спроведува и проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.

ShareTweetShare
Previous Post

Книга за Борис Трајковски со целосна финансиска поддршка на Фондација „Заев – Едно општество за сите“

Next Post

Денеска е Крстовден, Воздвижение на светиот Крст – строг пост

Related Posts

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик
Вести

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

недела, 2 ноември, 2025 | 19:46
Во прекин патниот правец Струмица – Валандово на Валандовско брдо
Вести

Уште една жртва во сообраќајка во струмичко – загина 63-годишен возач на мопед

недела, 2 ноември, 2025 | 13:19
Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево
Василево

Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево

недела, 2 ноември, 2025 | 11:52
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Василево

АМСМ: Во прекин патниот правец Струмица – Радовиш

сабота, 1 ноември, 2025 | 17:28
39-годишен струмичанец украл пари од продажен објект, полицијата го пронајде дома и го привела во Полициска станица
Вести

22-годишно момче физички ја нападнал својата мајка и оштетил покуќнина

сабота, 1 ноември, 2025 | 16:48
„Преместени хоризонти“ – книжевно музичка вечер што ги спои зборот и музиката во Струмица
Вести

„Преместени хоризонти“ – книжевно музичка вечер што ги спои зборот и музиката во Струмица

петок, 31 октомври, 2025 | 13:43

ТОП ВЕСТИ

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик
Уште една жртва во сообраќајка во струмичко – загина 63-годишен возач на мопед
Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш загина 46-годишен жител на Сушево

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist