сабота, 6 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Прекрасни гласови одекнуваа од Божјиот храм „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“

понеделник, 3 јуни, 2024 | 22:08
in Вести, Струмица
Прекрасни гласови одекнуваа од Божјиот храм „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“

Прекрасни гласови вечерва одекнуваа од Божјиот храм „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица. Моќни гласови, чиниш ангелски создадени од Бога, во еден амбиент во кој се создава спокој, а во тишината само се слушаат тие ангелски гласови, како да доаѓаат од високо, а се пред тебе. Дваесеттина гласови на Градскиот мешан хор „Гортинија“ од Гевгелија, под диригентство на Илија Атанасов.

Вечерва струмичани, оние кои беа во Црквата „Св. Петнаесет“ ја имаа ретката можност да уживаа во интерпретациите на овие хористи кои одржаа свој концерт во рамките на третиот „Strumica Classic International Festival 2024“.

Ја отпееја божествено свечената песна за сесловенските браќа Кирил и Методиј за која добија громогласни аплаузи, пееја дела од Де Палестрина, Антон Бучнер, Оља Геило, од Атанас Бадев, Николај Кедров, Мокрањац, од Петар Илич Чајковски.

Хорот „Гортинија“ (античкото име на Гевгелија) е формиран во 2003 година. Во моментов членовите на хорот се аматери пејачи од различни возрасти, ентузијасти со голема љубов кон хорската уметност. Во досегашното постоење, хорот остварува богата концертна дејност, како во државната така и на меѓународна сцена, освојувајќи голем број високи награди.

Диригентот Илија Атанасов дипломира хорско диригирање и музичка теорија и педагогија во класата на проф. Драган Шуплевски во 1996 при Факултетот за музичка уметност во Скопје. Магистрира на истиот факултет, а специјализира хорско и оперско-симфониско диригирање на конзерваториумот „Николај Римски-Корсаков“ во класата на Валериј Успенски во Санкт Петербург, Русија.

Фестивалот на класичната музика во Струмица продолжува во среда, 5 јуни, во Градската Уметничка галерија со концерт на „Дуо гитари“ со Цветелина Брешкова и Божидара Трохарова од Бугарија. Концертот започнува во 20:00 часот.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

На 11 јуни промоцијата на книгата „Аџилак“ од Ирена Бабамова Стојчева

Next Post

Во Белград од 7 до 22 јуни ќе биде поставена ретроспективна изложба на дела од струмичанецот Стојан Пачов

Related Posts

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Вести

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

петок, 5 декември, 2025 | 14:39
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри
Вести

Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри

петок, 5 декември, 2025 | 08:20
Јани Бојаџи пред струмичката премиера: „Утре наутро е филм за нашите трауми – после 27 април ние повеќе не сме истите луѓе“
Вести

Јани Бојаџи пред струмичката премиера: „Утре наутро е филм за нашите трауми – после 27 април ние повеќе не сме истите луѓе“

петок, 5 декември, 2025 | 08:07
Градоначалникот Костадинов со реакција по прес конференцијата на министерот Цветан Трипуновски
Вести

Костадинов со реакција на Фејсбук: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

четврток, 4 декември, 2025 | 15:50
На 11 септември стартува јавниот градски превоз во Струмица со 10 електрични автобуси
Вести

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Струмица, Костадинов и уште петмина за набавката на електричните автобуси

четврток, 4 декември, 2025 | 15:28
Општина Струмица повторно ги активира урбаните и месните заедници – избрани нови совети и претседатели
Вести

Општина Струмица повторно ги активира урбаните и месните заедници – избрани нови совети и претседатели

четврток, 4 декември, 2025 | 09:05

ТОП ВЕСТИ

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри
Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Струмица, Костадинов и уште петмина за набавката на електричните автобуси

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist