Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека е прекинат прагот на алармирање за загаденост на воздухот во Струмица.
„Согласно податоците од Државниот миниторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 05.01.2023 година, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Битола и Струмица и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање“ – стои во соопштението на Министерството за животна средина.