Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух (ДАМСКВ) од вчера среднодневните концентрации на РМ10 честичките се под дефинираниот праг на алармирање од 150 милиграми на метар кубен и епизодата од два последователни денови со надминување на прагот на алармирање за РМ10 е прекината во Струмица, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Инаку, според завчерашните податоци прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 мg /m3 во текот на два последователни денови), беше надминат на мерното место Струмица. На 6 овој месец беа измерени 175, а на 7 јануари 191,60 милиграми на метар кубен, по што Министерството за животна средина и просторно планирање нареди повеќе мерки за намалување на аерозагадувањето.