Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека од утрово е настанат дефект на водоводната мрежа поради што е прекинато водоснабдувањето на улиците „Цветан Димов“ и „Цар Самуил“ во Струмица. Екипи на комуналното претпријатие се на терен и работат на отстранување на дефектот. Нормализирање на водоснабдувањето се очекува денеска до 11:00 часот на улицата „Цар Самуил“ и до 13:00 часот на улицата „Цветан Димов“.