Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица вчера организираше средба на кандидатите за пратеници од Изборна единица 4, со културни работници од Струмица. На средбата се зборуваше за состојбите во културата. ВМРО-ДПМНЕ со програмата „Платформа 1198“ нуди сериозна поддршка за културата, културните работници и творештвото.
Кандидатите за пратеници синоќа во рамките на посетите и средби со граѓани ги посетија населените места Сачево и Добрејци.
На сите средби кандидатите потенцираат дека Платформата 1198 нуди повеќе проекти со кои ќе бидат поддржани разните гранки на стопанството и општествените сектори и дека се нуди решавање на одредени проблеми од инфраструктурен карактер кои ги мачат граѓаните.