На денешната собраниска седница при расправата за Законот за задолжување од кои финансиски средства општините ќе имаат можност да реализираат капитални проекти, пратеникот Миле Цеков од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија праша дали градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов аплицирал до Владата да добие финансиски средства за изградба на, според Цеков „нефункционалниот и непотребен“ нов пазар со вредност од над 4 милиони евра?
Во своето обраќање тој посочи дека за жал, градоначалникот не аплицирал за понеопходен проект како булеварско решение од „Жито Струмица“ до приклучокот кон Куклиш, изградба на нова фекална канализација во градот, изнаоѓање решение за атмосферска канализација на улицата „Младинска“, изградба на Филтер станица за вода за пиење во село Банско, за покривање на каналот на улицата „Крушевска Република“ и други слични проекти.