вторник, 9 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Босилово

Пратеникот Миле Цеков поднесе амандмани со кои бара Експресен пат Смоквица – Валандово – Струмица – Ново Село – Граничен премин и Радовиш – Струмица

четврток, 28 ноември, 2024 | 18:42
in Босилово, Василево, Вести, Ново Село, Струмица
Пратеникот Миле Цеков поднесе амандмани со кои бара Експресен пат Смоквица – Валандово – Струмица – Ново Село – Граничен премин и Радовиш – Струмица

Пратеникот во македонското Собрание од редовите на ЗНАМ – За наша Македонија, Миле Цеков од Струмица, кој на последните Парламентарни избори беше носител во Изборната единица 4, поднесе амандмани на новиот Предлог-Буџет за 2025 година со кои бара изградба на експресен пат Смоквица – Валандово – Струмица – Ново Село – Граничен премин со Бугарија и експресен пат Радовиш – Струмица.

Пратеникот Цеков со амандман бара од буџетот да се обезбедат 2.030.000.000 денари за изградба на експресен пат од Граничниот премин „Ново Село“ до Струмица, преку Моноспитово, Свидовица, Куклиш. Според него, изградбата на оваа делница е предвидено во веќе постоечкиот проект за експресен пат кој ќе го поврзува Коридорот 10 од Смоквица преку Валандово, Струмица до Граничен премин „Ново Село“.

„Според официјалните податоци собрани од фиксните автоматски бројачи на возила на патиштата, 2 – најфреквентен патен правец е патот Струмица – Ново Село со 12.903 возила на ден. Според бројот на загинати на патиштата е 7-ми по ред на анализата за јавен ризик“ – истакнува Цеков.

Тој вели дека оправданоста за овој проект е веќе утврдена и за него има изработена проектна документација. Вкупниот проект е проценет со вредност од 100 милиони евра, а наведената делница е една третина од проектот.

Цеков со друг амандман бара да се обезбедат околу 15.375.000 денари за изработка на проектна документација за промена и прилагодување на нов експресен пат Радовиш – Владевци – Струмица.

„Како пример за проектна документација може да се земе во предвид известувањето за намера за изведување на проект Надградба на магистрален пат М-6, Штип – Струмица во автопат и спроведување постапка за утврдување на потребата од оцена на влијание врз животната средина“, вели во образложението пратеникот Цеков.

Тој бара со новиот буџет да се обезбедат средства и за рехабилитација на патот од Костурино до Валандово, односно делницата „Валандовско брдо“, како и амандман за обезбедување средства за изработка на проектна документација за изградба на експресен пат од Владевци преку Василево – Пиперево, кој би требало да излезе меѓу Струмица и Дабиље и да се поврзе пред Куклиш.

„Јас како пратеник од Изборна единица 4, сметам дека треба да се зема во предвид Југоисточниот регион, кој учествува со 12% во БДП по глава на жител, после скопскиот регион. Граничи со две европски земји, учествува со 10% во вкупниот извоз или околу 500 милиони евра. Живеат 188.000 жители во 10 општини во 188 населени места, а има најлоша патна инфраструктура во државата. И оттука ги поднесувам амандманите, бидејќи во последните 15 години нема апсолутно никакви капитални инвестиции во патната инфраструктура. Ова се потребите на граѓаните од овој регион и истите имаат една цел, подобрување на квалитетот на живеење и зголемување на животниот стандард“ – вели пратеникот Миле Цеков.

ShareTweetShare
Previous Post

Не паркирајте ги возилата на тротоарите – полицијата презема акција за отстранување и санкционирање

Next Post

Во недела во Босилово ќе биде прикажан филмот „Македонскиот дел од пеколот“

Related Posts

„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура
Вести

„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура

понеделник, 8 декември, 2025 | 21:08
Вечерва Струмица најзагадена со 343 мигрограми на метар кубен
Вести

Струмица ќе го одбележува патрониот празник – Денот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици

понеделник, 8 декември, 2025 | 15:11
Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември
Вести

Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември

понеделник, 8 декември, 2025 | 14:07
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Вести

Тешко повреден струмичанец откако со автомобилот излетал од патот кај селото Марена, кавадаречко

понеделник, 8 декември, 2025 | 13:17
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Маж од Банско физички ја нападнал сопругата, со која со месеци не живееле заедно

понеделник, 8 декември, 2025 | 11:49
Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Вести

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи

понеделник, 8 декември, 2025 | 08:21

ТОП ВЕСТИ

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Денеска се слави Свети Климент Охридски

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist