Денеска во Струмица беа поделени македонско јаболко на учениците во основните училишта, во рамки на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“, кој го спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Секој ученик добива по 4 килограми јаболко со што се поттикнуваат на здрави навики во исхраната.
Јаболко од овој проект на терен се спроведува низ сите основни училишта низ државата, така што во тек е дистрибуцијата на македонско јаболко наменети за учениците.
Овој проект е во функција на здравите навики за исхрана кај децата, но е и помош за домашните овоштари, нивните плодови да бидат достапни за домашните потрошувачи.
Веќе за следната 2023 година, покрај јаболкото ќе бидат опфатени и други видови на овошје, зеленчук, млеко и млечни производи, кои исто така ќе бидат дистрибуирани до основните училишта како здрава ужинка за секое дете, најавуваат од Владата.