Од струмичката полиција информираат дека вчера во 10:00 часот во СВР Струмица, Д.А.(25) од село Дедино, радовишко, пријавил дека околу 09:00 часот во Струмица, додека управувал товарно возило „Рено“ со струмички регистарски ознаки, по претходна сообраќајна незгода, возачот од другото возило – комбе, физички го нападнал Д.А., употребувајќи тврд предмет, а потоа со остар предмет го оштетил неговото товарно возило, во сопственост на правен субјект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.