вторник, 15 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

По повеќе од две децении Ирена Бабамова Стојчева со „Аџилак“ го воскреснува успешниот залет од претходните книги

среда, 12 јуни, 2024 | 11:37
in Вести, Струмица
По повеќе од две децении Ирена Бабамова Стојчева со „Аџилак“ го воскреснува успешниот залет од претходните книги

Во издание на Издавачката куќа „Макавеј“ во Центарот за култура во Струмица пред голем број љубители на поезијата беше промовирана книгата – стихозбирка „Аџилак“ на Ирена Бабамова Стојчева.

Оваа нова поетска обзнана на талентираната поетеса го продолжува успешниот залет започнат со претходните поетски објави од 90-тите години: „Крик во тишината” (1994) и „Сага за ветената земја” (1997), со кои го најави својот заслужен пат кон квалитетното поприште на современата македонска поезија.

„Со оваа книга Ирена Бабамова Стојчева по повеќе од две децении го воскреснува успешниот залет од претходните книги, и најавува лирска бура во рамките на краткиот простор на лирската песна. И токму сега со оваа стихозбирка воспоставува лирски мост изграден од пластови време и пластови имагинација. Одново во просторот на лирското возгласување на вистината, за себе си, за националното колективно опстојување и за светот воопшто, таков каков што денес го доживуваме и преживуваме, со вртлози, неизвесности и со безнадежност“ – кажа рецензентот на „Аџилак“, литературниот критичар Бранко Цветкоски.

„Внесувајќи квалитетна новина во своето сé уште по обем скромно поетско творештво, авторката суеверно раскажува дека по толку години молк на поетската сцена изградила сопствен и веќе добро нијансиран профил и дека е дојдено времето, нејзината идна активност на поприштето на современата македонска поезија да биде обележана со нови успеси кои Ирена Бабамова Стојчева ќе ја внесат во плејадата перспективни поетеси на нашата книжевност. Со овој нејзин поетски аџилак, Ирена потврди дека го заслужува тоа. Јас ќе продолжам да и верувам и да ја поддржувам“ – додаде Цветкоски.

Говорејќи за книгата „Аџилак“, промоторот Ацо Гогов вели дека во песните на Ирена постои една потрага по тоа што е свето и сé уште е свето во нас самите.

„Постои потрага по чистотата длабоко во нас. Тоа е навестено уште во првата песна од книгата, со наслов „Молитва“ која е обраќање до Бога во намерата да се проговори преку песната за нашето сопостоење, соништожноста, сопрашината“ – кажа Гогов.

Освен што модераторот Ѓорги Калајџиев и авторката Ирена Бабамова Стојчева читаа дел од поезијата во „Аџилак“, на почетокот од промоцијата беше прикажан и видео запис со стихови од книгата направен од Столе Ангелов, специјално за оваа промоција.

Ирена Бабамова Стојчева е родена на 28 февруари 1979 година во Струмица. Со високо образование се стекнува на Правниот факултет Скопје, по што продолжила да се развива работејќи на програми на ЕУ за прекугранична соработка. Во 2007 година ја добива прва награда за литературна творба во рамките на годишната награда „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици” на градот Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Next Post

Поради високите температури, МОН препорачува основните училишта да работат со скратени наставни часови

Related Posts

Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“
Вести

Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“

вторник, 15 јули, 2025 | 08:13
Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“
Вести

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“

понеделник, 14 јули, 2025 | 17:45
Во прекин патниот правец од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница
Вести

Двајца млади струмичани превезувале 11 миграни од Египет – полицијата ги фати кај неготинско

понеделник, 14 јули, 2025 | 15:36
Струмица ја чествуваше 81-та годишнина од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето
Вести

Струмица ја чествуваше 81-та годишнина од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето

понеделник, 14 јули, 2025 | 12:42
Избувна пожар во стан во Струмица
Вести

Избувна пожар во стан во Струмица

понеделник, 14 јули, 2025 | 12:31
Денеска се навршуваат 81 година од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето
Вести

Денеска се навршуваат 81 година од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето

понеделник, 14 јули, 2025 | 07:41

ТОП ВЕСТИ

Јубилејното 20-то издание на „АСТЕРФЕСТ“ од 4 до 8 август под мотото „Филмски крстопати“
Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“
Избувна пожар во стан во Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist