четврток, 15 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

По втор пат „Вело Струмица“ на 1, 2 и 3 јуни

среда, 31 мај, 2023 | 15:38
in Вести, НАЈАВА, Струмица
По втор пат „Вело Струмица“ на 1, 2 и 3 јуни

По повод светскиот Ден на велосипедот – 3 јуни, оваа година, од 1 до 3 јуни во Струмица ќе се одржи вториот Меѓународен Фестивал за љубителите на велосипедизмот – „Вело Струмица“.

Во рамките на фестивалската програма, покрај серијата активности посветени на сообраќајната и велосипедската култура како начин на живеење, официјално ќе биде пуштено во употреба и велосипедско-рекреативното игралиште „Pump Track“. Овој проект е финансиран од Европската Унија и директно Општина Струмица, а се однесува на дополнување на понудата на велосипедски содржини кои се нудат, со цел стимулирање и поттикнување на употреба на велосипедот како здрав, еколошки и економичен начин на мобилност. На овој начин, се овозможува богата вело-понуда за различни генерации, со фокус на различни потреби.

Целокупните активности во насока на поттикнување на велосипедизмот се дополнување на „Струмица – Паметен Вело Град“, во чии рамки во изминатата година беа изградени и обележани градски велосипедски патеки.

„Визијата за трансформација на Струмица во велосипедски град и редовната употреба на велосипедот како примарно средство за движење на различни генерации прераснува во реалност и секојдневие. Со досега реализираната велосипедската инфраструктура, како и преку развој на рекреативните велосипедски содржини, континуирано вложуваме во прогрес кон “паметен вело град“. Продолжуваме понатаму со активности наменети за збогатување на можностите и понудата за активните велосипедисти, но и за оние за кои велосипедот е средство за рекреација. Предвидена е изградба на планински велосипедски патеки, како и развој на велосипедска инфраструктура која има за цел поврзување на населените места со градот“ – изјави градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.

„Во рамките на успешната долгогодишна соработка која ја имаме со Европската Унија преку програмата „ЕУ за Општините“ и преку ИПА програмите за прекугранична соработка, а како дел од долгорочната стратегија за прогрес на Струмица како велосипедски град го реализиравме проектот – Велосипедско рекреативно игралиште „Pump Track”, кој на новите генерации ќе им овозможи дополнителен простор за вело-рекреација. Проектот е реализиран во предвидениот рок од 2 месеци и подразбира изградба на игралиште, јавен простор слободен за употреба за сите граѓани, во форма на континуирана патека од нагорнини, надолнини и рампи за скокање околу кои може да се вози велосипед, скејтборд, ролерки или тротинет. Преку збогатување на велосипедските содржини во општината ја охрабруваме и стимулираме употребата на велосипедот и алтернативните средства за превоз, како и негувањето на поеколошки и поодржливи одлуки за урбана мобилност“ – изјави Ѓоко Ристовски, раководител на Одделение за Меѓународна соработка и Европски фондови во Општина Струмица.

Официјалниот почеток на Фестивалот е предвиден на 1 јуни во чии рамки ќе се одржи вело тура по реализираните велосипедски патеки, по што ќе следи официјалното пуштање во употреба на велосипедско-рекреативното игралиште „Pump Track“, со почеток од 20:30 часот.

ShareTweetShare
Previous Post

Од утре до 9 јуни во Струмица „Classic International Festival Strumica 2023“

Next Post

Во Струмица на 3 јуни – Фестивалот EXIT и Coca-Cola го носат најдоброто светско фестивалско VR-искуство

Related Posts

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност
Вести

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност

вторник, 13 мај, 2025 | 11:36
Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница
Вести

Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница

вторник, 13 мај, 2025 | 10:04
МВР: Во Копаница пронајден пиштол кој потекнува од кражба извршена во домот на убиената М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.
Вести

На Кванташки пазар автомобил удрил во пешак

понеделник, 12 мај, 2025 | 17:22
Изгоре викендица во Раборци
Вести

Изгоре викендица во Раборци

понеделник, 12 мај, 2025 | 13:02
Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Вести

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате

понеделник, 12 мај, 2025 | 08:43
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Вести

Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски

недела, 11 мај, 2025 | 22:34

ТОП ВЕСТИ

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Во Струмица се одржа 53-от Државен тракторски натпревар – најдобри домаќините од средното училиште „Димитар Влахов“

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 22 мај ќе биде промовирана книгата „Раскази од Пирго – монографски приказ на општина Ново Село“
Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist