Земјотрес е почувствуван вечерва во 22:45 часот во околината на Струмица, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Јачината на потресот, според првичните информации, е 3.0 степени по Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот е 18 километри југоисточно од Струмица, а тој се случил на длабочина од 8 километри.