среда, 9 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Почина струмичанецот Љубен Топчев, македонски емигрантски деец, брат на еден од петте струмички студенти

вторник, 5 декември, 2023 | 00:23
in Вести, Струмица
Почина струмичанецот Љубен Топчев, македонски емигрантски деец, брат на еден од петте струмички студенти

Во неделата, на 3 декември, во Њу Џерси, САД, на 95-годишна возраст почина Љубен Топчев, долгогодишен македонски емигрантски деец, брат на Стево Топчев, еден од петте струмички студенти масакрирани во 1951 година.

Љубен Топчев е роден во 1928 година во Струмица, која тогаш се наоѓа под власта на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна преименувано во Југославија. Во 1944 година во рамките на Југославија е прогласена македонската држава која добива статус на република. Но, Љубен и други струмичани се разочарани од новите власти во Струмица.

„Ние бевме школувани младинци, сакавме парламентарна борба. Никакво оружје, никаква војна, а против кој да се бориме? Бевме разочарани кога пред Собранието го видовме знамето на Југославија кое народот го знаеше како српско. Очекувавме македонска држава, а остана само името Македонија. Македонија ја немаше. Тие што ја бараа ги полнеа затворите. Тука се виде дека идејата не е за Македонија, границите останаа како во поранешна Југославија, дојдоа српски војници, српски чиновници. Најголемиот дел од нашите беа неписмени, носеа весник во џебот, а не знаеја да го прочитаат. Се служеа со насилство и застрашување, немаше закони. Законите им беа во џебовите, ги обвинуваа и малтретираа луѓето што имаа авторитет и влијание. Не сакаа обичните луѓе да ги користат мозоците за размислување“, вака Љубен ја опишува состојбата во Македонија под новата комунистичка власт.

По повод Денот на трудот, за кој властите во Струмица се особено ангажирани да го одбележат, на 1 мај 1946 година Љубен, тогаш ученик во струмичката гимназија, заедно со неговите другарчиња, соученици Методи Калкашлиев, Коста Хаџи Мишев, Георги Јар’мов и Мирко Пецев расфрлаат летоци по улиците на Струмица со чија содржина го искажуваат своето незадоволство од тогашната власт.

„Најтешкото доаѓаше дури по затворот. За нас овде немаше живот. И да сакаш да се промениш или да бидеш барем порамнодушен, не можеш. Од утро до мрак зад нас имаше некој што го следеше секој наш чекор. Секојдневно нѐ контролираа, на неколку дена нѐ викаа да реферираме што сме правеле, што сме чуле, што сме виделе. Не знаеш од кого да се чуваш, не знаеш со кого одиш, оној што ти е близок го принудуваат да те следи и да реферира за тебе. Но, ние не се дававме. Нашето искуство од затворот беше драгоцено и тие секогаш остануваа без факти и без цврсти докази“, се потсетува Топчев на тој тежок период од својот живот.

Ставен во една ваква ситуација од властите односно нејзините тајни служби, Љубен решава одново, откако тоа веќе го прави во 1945 година, да се обиде да го напушти својот роден крај и заедно со своите другари Калкашлиев и Хаџи Мишев во февруари 1951 година ја минува југословенско-грчката граница и успева да емигрира во Бразил. Но, други струмичани обележани од власта како непријатели, меѓу кои е и неговиот брат Стево Топчев, не успеваат да се спасат од тогашната власт и истата година на 13 август се масакрирани на планината Беласица. Тие ќе останат запаметени во македонската историја како Петте струмички студенти, Струмичката петорка.

Љубен живее во Бразил заедно со други сограѓани, струмичани кои бегајќи што подалеку од прогон поради својот светоглед за Македонија се нашле преку океанот, во Јужна Америка. Во ноември 1951 година во бразилскиот град Порто Алегре Љубен заедно со Калкашлиев и Хаџи Мишев и Христо Лагадинов од градот Разлог под Пирин, основале емигрантска организација, именувана „Струмичката петорка“, која станува клон на Македонската патриотска организација. Топчев подоцна се преселува во САД, каде што продолжува да биде активен сред македонската емиграција. Од 1978 до 2003 година е член на Централниот комитет на МПО.

По осамостојувањето на Македонија од Југослвија Љубен ја посетува својата родна Струмица. На неговиот Фејсбук профил остануваат за сеќавање фотографии од него пред споменикот на Гоце Делчев на градскиот плоштад, како и од неговото поклонување пред споменикот на Петте струмички студенти во Малиот градски парк.

Во 2020 година излегоа спомените на Љубен Топчев, насловени „Од Струмица до Америка“. Спомените на овој струмичанец прогонет од властите се издадени од Македонскиот научен институт во Софија и засега не се достапни на македонски јазик, ниту пак се пошироко познати во неговата татковина.

К.Ѓ.

ShareTweetShare
Previous Post

Прекинување на прагот на алармирање во Струмица за аерозагадување

Next Post

Документарниот филм „Лука“ со Специјална награда од жирито на „Jeju Movie Concert Festival“ во Јужна Кореја

Related Posts

Во понеделник ќе се прска против комарци
Босилово

На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција

среда, 9 јули, 2025 | 09:11
Даскаловски ги собра сегашните и поранешни партиски функционери – сплотени заедно кон нова победа на Локалните избори
Вести

Даскаловски ги собра сегашните и поранешни партиски функционери – сплотени заедно кон нова победа на Локалните избори

вторник, 8 јули, 2025 | 22:08
Владата обезбедува по 11.000 денари К15 за над 84.000 вработени во администрацијата
Вести

Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава

вторник, 8 јули, 2025 | 18:38
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Василево

Струмичанец со пушка пукал кон жители во битолско – при приведување со пушката им се заканувал на полициски службеници

вторник, 8 јули, 2025 | 14:12
Во Католичката црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица свечено одбележан патрониот празник
Вести

Во Католичката црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица свечено одбележан патрониот празник

вторник, 8 јули, 2025 | 10:47
Земјотрес со јачина од 2.2 степени е регистриран кај Струмица
Вести

Земјотрес со јачина од 2,9 степени почуствуван во струмичко

понеделник, 7 јули, 2025 | 15:17

ТОП ВЕСТИ

Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава
Земјотрес со јачина од 2,9 степени почуствуван во струмичко
Струмичкото СДСМ застанува зад Марјан Даскаловски – „СДСМ Струмица е силна, единствена, спремна за победа на Локалните избори

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist