Утрово почина папата Франциск, објави кардиналот Кевин Фарел, камерленго на Ватикан.
„Во 7:35 утринава, римскиот бискуп Франциск се врати во домот на Отецот. Целиот негов живот беше посветен на службата на Господ и на неговата Црква“, рече Фарел во соопштението.
„Тој не научи да ги живееме евангелските вредности со верност, храброст и универзална љубов, особено кон најсиромашните и најмаргинализираните. Со огромна благодарност за неговиот пример како вистински ученик на Господ Исус, ја поклонуваме душата на папата Франциск на бесконечната, милосрдна љубов на Бога“.