недела, 13 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Почина ликовниот уметник од Струмица – Георги Божинов Фаника

понеделник, 12 февруари, 2024 | 14:36
in Вести, Струмица
Почина ликовниот уметник од Струмица – Георги Божинов Фаника

Денеска во Скопје на 77-годишна возраст почина Георги Божинов – Фаника, познат македонски академски ликовен уметник – сликар. Роден е на 25 август 1947 година во Струмица.

Педагошка академија завршил 1972 година во Скопје. Член е на ДЛУМ и ДСЛУ. Живеел и работел во Скопје, Дојран, Охрид, Словенија. Во Словенија работел како професор и предавал ликовна уметност во средно образование.

Најпознати мотиви во делата на Георги Божинов – Фаника се пејзажи и глетки од Македонија пресликани во многу слики со македонски села, полиња, охридските цркви и манастири, Охридското езеро и стариот град, а има нацртано и доста портрети. Во своето сликарско творештво има повеќе циклуси по кои е доста познат, меѓу кои „Корени“, „Дојран“, „Жени“. Сликал и повеќе портрети на личности.

Учествувал на повеќе сликарски колонии, меѓу кои: Струмица, Почитељ, Куманово, Врање, Костањевица на Крка, Скопје, Велес, Ниш. Негови дела има во галерии во: Врање, Белград, Подгорица, Тузла, Почитељ, Струмица, Метлика, Сликарска работилница „Дојран“ и други места. Организирал повеќе самостојни изложби во Струмица, Скопје, Велес, Србија и Словенија. Неколку години по ред бил главен организатор на ликовната сликарска колонија во Дојран. Негови дела се наоѓаат во приватни колекции, како во Македонија, така и во странство.

Божинов ќе биде погребан утре (вторник, 13 февруари) во 12:00 часот на Градските гробишта во Струмица.

ShareTweetShare
Previous Post

Во Струмица наврнало најмногу дожд 34 л/м²

Next Post

Возачките дозволи со „Република Македонија“ ќе важат до 31 декември – Собранието донесе законски измени по итна постапка

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ сé уште прави анализи кој да им биде кандидат за градоначалник на Струмица – Антонио Милошоски на средба со членството
Вести

ВМРО-ДПМНЕ сé уште прави анализи кој да им биде кандидат за градоначалник на Струмица – Антонио Милошоски на средба со членството

сабота, 12 јули, 2025 | 20:04
Костурино го слави Петровден – Даскаловски присуствуваше на турнир во пеливанско борење
Вести

Костурино го слави Петровден – Даскаловски присуствуваше на турнир во пеливанско борење

сабота, 12 јули, 2025 | 19:21
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

Претрес во Струмица, пронајден хашиш

сабота, 12 јули, 2025 | 10:55
Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила
Василево

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила

четврток, 10 јули, 2025 | 22:56
Пет лица од Баница добија 30-дневен притвор за напад на полициски службеник
Вести

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство

четврток, 10 јули, 2025 | 18:03
Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Синоќа полицијата приведе 21-годишно момче – во неговиот автомобил пронајде марихуана

четврток, 10 јули, 2025 | 16:18

ТОП ВЕСТИ

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство
Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка
Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist