недела, 16 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Поставена изложба на Марјан Ѕингаров во Крџали, ја отвори градоначалникот Хасан Азис

сабота, 10 јуни, 2023 | 21:04
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Поставена изложба на Марјан Ѕингаров во Крџали, ја отвори градоначалникот Хасан Азис
Поставена изложба на Марјан Ѕингаров во Крџали, ја отвори градоначалникот Хасан Азис
Поставена изложба на Марјан Ѕингаров во Крџали, ја отвори градоначалникот Хасан Азис
Поставена изложба на Марјан Ѕингаров во Крџали, ја отвори градоначалникот Хасан Азис
Поставена изложба на Марјан Ѕингаров во Крџали, ја отвори градоначалникот Хасан Азис
Поставена изложба на Марјан Ѕингаров во Крџали, ја отвори градоначалникот Хасан Азис

Вечерва во градот Крџали, Бугарија, во Уметничката галерија „Круг“ е поставена ликовната изложба „Реминисценции“ на уметникот Марјан Ѕингаров од Струмица, и е во рамките на годинашната програма од иницијативата „Мултикултурниот град“, а поводот е збратимувањето на Општина Крџали и Општина Струмица кон крајот на месец април.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Крџали, Хасан Азис кој истакна дека поставувањето на изложбата е плод на наодамнешното збратимување меѓу двата града.

„Ова е иницијатива која е поддржана од двете страни. Ако не можеме да кажеме дека го кршиме мразот, можеби тогаш треба да се согласиме со изразот дека уметниците со тоа што го прават не дозволуваат да се формира мраз“, рече градоначалникот Азис, потенцирајќи дека времето бара да бидеме граѓани на светот, дека за жителите на Крџали мултикултурализмот е начин на живот. „Ова е вредност која мора да се афирмира и развие во нашето општество“, додаде тој.

Поздравно писмо по повод отворањето на изложбата на Марјан Ѕингаров испрати градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов кое беше прочитано пред публиката во Уметничката галерија на Крџали.

„Со задоволство сакам да ве поздравам и да ви го честитам успешното привршување на овогодишната програма од Иницијативата „Мултикултурниот град“. Ако се повикаме на познатата латинска изрека „Finis coronat opus“ – „Крајот делото го краси“, тогаш неизмерно сум радосен што таа ваша програма ја завршувате со изложбата „Реминисценции“ на познатиот и признат македонски ликовен уметник од Струмица, Марјан Ѕингаров – Ѕин, а по повод Договорот за збратимување на нашите две општини, кој го потпишавме на 27 април во Крџали. Искрено се надевам дека изложбата на Марјан Ѕингаров – Ѕин ќе привлече интерес кај граѓаните на Крџали, па и од цела Бугарија, и ќе остави добар впечаток кај љубителите на ликовната уметност. Тоа ќе даде уште една потврда на нашата заедничка верба, дека уметноста, но и културата воопшто, се најдобрите „алатки“ за непречена соработка меѓу земјите и народите. Впрочем, културата не познава граници, а јазикот на уметноста е универзален“, напиша во поздравното писмо градоначалникот Костадин Костадинов.

„Ова е прво гостување кај нас од Општина Струмица и со него го започнуваме културно партнерство кое се надеваме дека ќе трае долги години“, им рече на присутните Радост Николаева, претседател на уметничкото движење „Круг“.

Изложбата „Реминисценции“ е десетти авторски проект на уметникот Марјан Ѕингаров. Вклучува повеќе од 10 платна во кои се испреплетуваат боите, а едно од нив и неговите нијанси се резултат на користење на асфалт.

Делата на Марјан Ѕингаров следат една постојана траекторија на забрзување и компресирање на апстрактната сликовност со емоција и возбуда. Од знаковните студии со трње (од истоимениот циклус во 2015 г.) преку геометриските бездни од 2018 г. до припитомените стравови и сенки во сегашната серија „Реминисценции“, Ѕин систематски е во потрага на кој начин да претстави повеќе со помалку. Без да западне во излишно сликање, тој работи со прецизна композиција во сѐ поапстрактни платна, исполнети со својствен однос кон пластичноста. Тие остануваат декоративни во својот карактер, без претензии за живописност, но тој плакатен квалитет е совладаниот јазик на музичката хармонија на овој циклус, неговата едноставност, синтетизирана од одбрани изразни средства. Оваа тивка лиричност им придава посебен дух на делата, кои не случајно потсетуваат на архаични траги. Траги, пронајдени под урнатините на една визуелна цивилизација којашто ја губи мистичната моќ на сликата. Она што останало како сугестија од овие слики, е магливото сеќавање за нив и нивните осамени, избледени сенки, напиша во освојот осврт Јово Панчев, куратор од Република Бугарија.

Осврт кон изложбата „Реминисценции“ имаше и историчарот на уметност, Марјан Минов од Струмица: Нечие присуство секогаш поттикнува чувства и емоции, но нечие отсуство како да остава длабок белег врз нашите души. Присуството нечие/некакво се доживува во самиот миг. Отсуството, пак, самото по себе ги буди сеќавањата, пријатни или не, од длабоките предели на свеста и потсвеста.

Ликовните дела од двата циклуси на ликовниот уметник Марјан Ѕингаров, насловени како Отсуство и Реминисценции се надоврзуваат на погоре кажаното. Со јунговски пристап, на својот ликовен јазик, Ѕингаров слика на границата помеѓу апстрактното и фигуративното, со доза на симболичност и семиотичност, како што и всушност знаат да бидат сеќавањата –  замаглени и таинствени, повремено доведени до ниво на знак и симбол. Тој тоа го прави на еден лиричен начин, исполнет со асоцијативност и имагинативност, но пред сѐ, со автореференцијалност. На тој начин, тој остава самиот гледач да ја употреби својата имагинација и да допре длабоко до својата душа и својата потсвест, со голема можност за поистоветување со ликовните мотиви.

Во овие дела, Марјан Ѕингаров не посветува големо внимание на колоритот. Тој користи скромна палета на бои, но слоевито нанесена со силни потези, доволни да ги доловат неговите импулсивност и експресивност, низ еден подлабок психолошко-философски дискурс. Таквата експресионистичка апстракција кон која тежнее Ѕингаров, нуди повеќе од обична декоративност и колоритност – неговите најнови дела не се само вообичаени апстрактни мотиви, туку во себе носат подлабока метафизичка порака. Тие траги или нечии сенки кои ги гледаме во неговите дела, не се обични. Тие во себе носат подлабока приказна која треба да се разоткрие.

Тематиката која ја поседуваат двата циклуси, можеби и сè уште не се завршени, иако на нив Марјан Ѕингаров работи последователно неколку години. А можеби и никогаш нема да се завршат. Во материјалниот свет, секогаш со секој изминат ден, секогаш ќе постои некое ново нечие/некакво отсуство, кое одново и одново ќе ги буди внатрешните уметнички пориви.

ShareTweetShare
Previous Post

Девојките на „One Way Dance Studio“ се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство, ќе одат и на Светско

Next Post

Струмичанката Славица Ангелова во полуфиналето на „Ѕвездите на Гранд“

Related Posts

Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија
Вести

Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија

петок, 14 ноември, 2025 | 19:09
Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Вести

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор

петок, 14 ноември, 2025 | 11:57
Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев
Вести

Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев

петок, 14 ноември, 2025 | 11:17
Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет
Вести

Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

четврток, 13 ноември, 2025 | 15:57
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
Вести

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица

среда, 12 ноември, 2025 | 15:23
Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Вести

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување

среда, 12 ноември, 2025 | 13:47

ТОП ВЕСТИ

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев
Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица
Хуманитарен „Концерт на добрината – За Нина“ во организација на „Елеуса Фондација“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist