Поранешниот македонски селектор Јорданчо Давитков, повторно ќе биде активен на македонската клупска кошаркарска сцена, откако потпиша договор за соработка со КК „Струмица“, објавија повеќе спортски портали.
Тој се враќа во Струмица по 15 години кога работеше во макбаскетот во сезоната 2007/08, по што почна интернационална кариера. Давитков имаше серија одлични резултати работејќи во клубови во Кувајт, ОАЕ и Бахраим, а потписот со КК „Струмица“ е негово враќање во клупската кошарка во Македонија.