Поранешниот грчки премиер и поранешен претседател на грчката опозициска партија СИРИЗА, Алексис Ципрас е во Струмица во приватна посета на поранешниот македонски премиер и поранешен претседател на владејачката партија СДСМ, Зоран Заев.
„Се потсетуваме на нашите заеднички напори и придонеси кон мирот и стабилноста на Балканот и разговараме за предизвиците пред кои регионот е денес исправен. Особена чест ми е што пријателството меѓу Северна Македонија и Грција и моето другарство со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности“ – напиша Заев на Фејсбук објавувајќи заедничка фотографија во еден од струмичките ресторани.
На Конгресот на СИРИЗА, во април 2022 година, Заев беше главен гостин. Тогаш тој го покани Алексис Ципрас да го посети во Струмица за да му возврати на гостопримството.