среда, 9 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Поплавени улици, дворови, подруми во Струмица, најави за нови поројни дождови ноќва

среда, 5 јули, 2023 | 19:51
in Вести, Струмица
Поплавени улици, дворови, подруми во Струмица, најави за нови поројни дождови ноќва

Попладнево околу 15.30 часот градот Струмица и околината беа погодени од силни поројни врнежи од дожд кои траеја повеќе од половина час.

Центарот за управување со кризи информираше дека биле поплавени улиците „Браќа Минкови“, „Ѓорѓи Василев“, „Иљо Шопов“, „Младинска“. Вода надојде и во други делови на градот. На одредено време поради превенција била затворена и подземната сообраќајница под градскиот плоштад „Гоце Делчев“. Беа поплавени домови и подруми на струмичани.

Во 18 часот градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов информираше дека општинските служби, пожарникарите и полицијата постапувале по четириесеттина пријави за поплавени подруми и дворови во градот и населените места. Според Костадинов, нема посериозни материјални штети од невремето.

  • Дваесеттина пожарникари постапуваат по повеќе од 60 пријави за последици од невремето во Струмица, молат за разбирање

Во горниот дел на поројот „Крушевска Република“, до новопоставените решетки надојде поголема количина на отпад. Општинските служби излегоа на терен и го расчистуваа отпадот.

„Најголем проблем сега во моментот имаме тука на поројот „Крушевска Република“, каде што е новиот дел што се гради. Тука имаме поставена решетка за собирање на отпад, меѓутоа дел од несовесните граѓани го фрлаат својот отпад покрај самиот порој и внатре во поројот, па поради големата количина на отпад беше затната решетката на канализациониот систем. Меѓутоа, за кратко време ќе биде отстранет“, изјави Бранко Ѓоргиев, раководител на Секторот за комунална хигиена при ЈПКД „Комуналец“ – Струмица.

Градоначалникот Костадинов соопшти дека ситуацијата се следи будно и сите капацитети се на готовс затоа што се очекува поројни дождови и во текот на ноќта.

„Веќе се чистат наносите од кал од обилните дождови кои го зафатија нашиот град! Комуналец – Струмица работи на чистење на улиците, ТППЕ постапува по пријавите за поплавените подруми и дворови. За помалку од еден час вредните работници постапија секаде, согласно нивните можности. Остануваме будно да ја следиме ситуацијата, сите капацитети се на готовс имајќи ги предвид најавите за поројни дождови и во текот на вечерта“, објави Костадинов.

ShareTweetShare
Previous Post

Струмица ја зафати силно невреме

Next Post

Дваесеттина пожарникари постапуваат по повеќе од 60 пријави за последици од невремето во Струмица, молат за разбирање

Related Posts

Во понеделник ќе се прска против комарци
Босилово

На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција

среда, 9 јули, 2025 | 09:11
Даскаловски ги собра сегашните и поранешни партиски функционери – сплотени заедно кон нова победа на Локалните избори
Вести

Даскаловски ги собра сегашните и поранешни партиски функционери – сплотени заедно кон нова победа на Локалните избори

вторник, 8 јули, 2025 | 22:08
Владата обезбедува по 11.000 денари К15 за над 84.000 вработени во администрацијата
Вести

Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава

вторник, 8 јули, 2025 | 18:38
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Василево

Струмичанец со пушка пукал кон жители во битолско – при приведување со пушката им се заканувал на полициски службеници

вторник, 8 јули, 2025 | 14:12
Во Католичката црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица свечено одбележан патрониот празник
Вести

Во Католичката црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица свечено одбележан патрониот празник

вторник, 8 јули, 2025 | 10:47
Земјотрес со јачина од 2.2 степени е регистриран кај Струмица
Вести

Земјотрес со јачина од 2,9 степени почуствуван во струмичко

понеделник, 7 јули, 2025 | 15:17

ТОП ВЕСТИ

Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава
Земјотрес со јачина од 2,9 степени почуствуван во струмичко
Струмичкото СДСМ застанува зад Марјан Даскаловски – „СДСМ Струмица е силна, единствена, спремна за победа на Локалните избори

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist