Вчера околу 12:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во близина на сточен пазар во Ново Село, струмичко, настанал пожар во куќа сопственост на Г.К.(77). Од екипа на Територијалната противпожарна единица на Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.