Попладнево околу 14:00 часот настанал пожар во атарот на селото Просениково од кој биле зафатени викендица, шупи и стрниште. Противпожарната единица на Струмица интервенирала веднаш по пријавата со 7 пожарникари – спасители и три противпожарни возила.
Од ТППЕ Струмица информираат дека пожарот бил во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење кон блиските објекти. Причинета е значителна материјална штета.
ФОТО: ТППЕ Струмица