Пожарот на планината Огражден, над селото Бадилен во општина Ново Село, кој веќе осми ден гори, од синоќа се проширил кон местото Рајаново. Два хеликоптери „Камов“ од Србија и „Блек хоук“ од Турција, кои се дел од меѓународната помош за гаснење на пожарите од утрово повторно се обидуваат да го изгасат пожарот.