Од Противпожарната единица на Струмица со информација и фотографии од денешниот голем пожар кој се случи попладнето во Ново Село.
„Денеска во 16:15 часот во Ново Село, ТППЕ Струмица со 6 ПП возила и 19 пожарникари-спасители интервенираше на гасење на запалени три куќи и четири помошни земјоделски објекти (самалаци).
Причинета е огромна материјална штета.
Во акцијата на гасење на пожарот беа вклучени и 2 хеликоптери со воздушна поддршка на пожарникарите-спасители.
Благодарност до припадниците на МВР, членовите на Црвен крст и месното население за подршката и логистиката при гаснењето.
На теренот останаа стручни екипи кои дополнително ќе ги утврдуваат причините за настанувањето на пожарот.
Пожарот е целосно ликвидиран, екипи од пожарникари-спасители остануваат на локацијата преку вечерта за евентуалнио догасување на некои жаришта“ – стои во соопштението на ТППЕ Струмица.