Тимот од пожарникари-спасители на Противпожарната единица на Струмица пред малку го пронајдоа безживотното тело на 29-годишното момче М.П. од Дабиље, кој на 16 јули околу 13:00 часот влезе во водите на браната кај Дрвош и не излезе. Пожарникарите утрово се приклучија во акцијата за пребарување на момчето и тие пред малку објавија дека го извлекле безживотното тело.