сабота, 13 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Поетската книга „Изреченото нѐ прогонува“ на Никола Маџиров промовирана во Италија – ја објави „Крочети Едиторе“ на италијански јазик

сабота, 12 април, 2025 | 20:18
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Поетската книга „Изреченото нѐ прогонува“ на Никола Маџиров промовирана во Италија – ја објави „Крочети Едиторе“ на италијански јазик

Италијанската издавачка куќа „Крочети Едиторе“ ја објави поетската книга „Изреченото нѐ прогонува“ на Никола Маџиров на италијански јазик. Книгата содржи избор од неговото поетско творештво и објавена е во рамки на поетската едиција на италијанскиот издавач со седиште во Милано, заедно со поезијата на Волт Витман. Во истата едиција се објавени и книгите на венцоносците од Струшките вечери на поезијата Јехуда Амихај, Јанис Рицос, Керол Ен Дафи, Махмуд Дарвиш и добитниците на Нобеловата награда – Томас Транстромер, Јон Фосе, Одисеас Елитис, Сен-Џон Перс, како и избори од поезијата на Рилке, Бодлер, Кавафис, Томас Бернхард, Ен Карсон, Дилан Томас, Сеферис, Емили Дикинсон, Борис Пастернак и други.

Промотивното читање на поезијата од книгата „Изреченото нѐ прогонува“ се случи минатата недела во Венеција, во рамки на меѓународниот фестивал за литература „Инкрочи ди Чивилта“ („Раскрсници на цивилизациите“), каде почесен гостин беше Ханиф Курејши.

Позитивни критики за книгата на Никола Маџиров веќе се појавија во италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“ во неделниот додаток за литература „Летура”, во весникот „Буонасера“, а интервјуа со авторот објавија италијанските списанија за култура и литература „Ил Манифесто“ и „Пангеа“.

Книгата ќе биде претставена и на неколку други фестивали и универзитети во Италија и во Швајцарија во текот на оваа година. Никола Маџиров е најмладиот современ странски автор објавен во поетската едиција на „Крочети Едиторе“, а книгата „Изреченото нѐ прогонува“ е двојазично издание и содржи песни на италијански и македонски јазик.

ShareTweetShare
Previous Post

Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

Next Post

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

Related Posts

ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати
Вести

ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати

петок, 12 септември, 2025 | 20:16
Доктор Миле Гогов ќе биде носител на советничката листа на СДСМ на претстојните Локални избори
Вести

Доктор Миле Гогов ќе биде носител на советничката листа на СДСМ на претстојните Локални избори

четврток, 11 септември, 2025 | 22:51
Во Центарот за култура поставени делата изработени на годинашната Струмичка ликовна колонија
Вести

Во Центарот за култура поставени делата изработени на годинашната Струмичка ликовна колонија

четврток, 11 септември, 2025 | 22:08
Струмица ја одбележува 81-та година од ослободувањето на градот
Вести

Струмица ја одбележува 81-та година од ослободувањето на градот

четврток, 11 септември, 2025 | 12:37
Денеска Струмица го слави ослободувањето на градот од пред 79 години
Вести

Денеска Струмица го слави ослободувањето на градот од пред 81 година

четврток, 11 септември, 2025 | 08:47
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Вести

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“

вторник, 9 септември, 2025 | 15:53

ТОП ВЕСТИ

Доктор Миле Гогов ќе биде носител на советничката листа на СДСМ на претстојните Локални избори
Во Центарот за култура поставени делата изработени на годинашната Струмичка ликовна колонија
Струмица ја одбележува 81-та година од ослободувањето на градот

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist