вторник, 16 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Поезијата во филм – „Куќа на ѕвездите“ за семејството на поетот Иван Василевски на Преведена

недела, 11 декември, 2022 | 10:47
in Вести, ИЗБОР на уредникот, Струмица
Поезијата во филм – „Куќа на ѕвездите“ за семејството на поетот Иван Василевски на Преведена

Поетска приказна во филм – „Куќа на ѕвездите“ беше обзнанена синоќа во пресрет на празникот Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, сведоштво за животот на семејството на поетот Иван Василевски создадено на Преведена.

Кога сум ја читал поезијата на познатиот поет и новинар Иван Василевски од Струмица пред 20, па можеби и 30 години, не сум имал некое разбирање за поезијата, како и секој поет убаво напишани стихови за љубов, за тага, некои за минатото, некои за сегашниот живот, а некои пак напишале стихови кои посакуваат нешто да им се случи, а кај повеќето поети поезијата е чуства и емоции, но ретко кој друг може да ги почуствува, ако не ја знае судбината на авторот.

По толку многу години, истата таа поезија на Иван Василевски што сум ја читал, преку филмот на Кире Пиличев и интерпретацијата на Мариета Дуќиќ, Сузана Мицева и Ана Витанова Рингачева, дамите кои со својот глас, интерпретација, но и од низ патеките на Преведена, облечени согласно чудесно зачуваните убавини на природата, е сосема друга поезија, сега разбирлива, емотивна, и кога ќе го гледате филмот и ги слушате зборовите од стиховите, го чуствувате тоа ежење на кожата, не дека ја знаете приказната на авторот, туку го чуствувате тоа како ваша приказна од животот во кој го живеете.

Тетка Смиља, сопругата на Иван Василевски, која прва го читаше секој негов создаден стих, но и која му беше инспирација да создаде нов, во филмот „Куќа на ѕвездите“ раскажува за таа куќа и местото околу неа кое е извор на нивната најголема радост и тага и одиграло важна улога во животот и творештвото на Иван Василевски. Таму е и Иван, таму е и нивниот син Вартан во вечниот дом на Преведена, а таму живее и Смиља опкружена со нив, природата, спомените, омилените предмети и семејните албуми.

Премиерното прикажување на филмот „Куќа на ѕвездите“ во посебен амбиент создаден за тој поетски настан, пред многуте луѓе во Храмот на културата во Струмица побуди силни емоции, но и љубов, а во пресрет на патрониот празник на градот, Ѓорги Џингов, кој живее и работи во Скопје, но е струмичанец, во име на љубовта кон градот Струмица додели плакети на Општина Струмица, кој е покровител на поетскиот настан, на Смиља Василевска и на Мелани Иванова од Штип, која ја доби наградата по повод распишаниот конкурс на Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“. (Р.Ѓ.)

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Света Божествена литургија во чест на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици

Next Post

IN MEMORIAM: Почина поранешниот пратеник Ристо Масев

Related Posts

Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси
Вести

Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси

вторник, 16 септември, 2025 | 18:47
Приведено 22-годишно момче, нападнал вработена во угостителски објект и ја оштетил влезната врата
Вести

Во Струмица уапсен крадец кој украл пари од каса во продажен објект

вторник, 16 септември, 2025 | 12:53
Два часа прекин на електричната енергија во Индустриска зона Василево
Василево

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково

понеделник, 15 септември, 2025 | 13:56
И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22
Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist