Синоќа околу 19:00 часот на локален пат помеѓу селата Еднокуќево и Моноспитово, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Пежо 307“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Б.(29) од село Еднокуќево и мопед без регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Еднокуќево, информираат од СВР Струмица.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.