Патот Берово – Струмица од 10:30 часот е прооден за сите видови возила, информираат од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Во петок вечерта АМСМ соопшти дека е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Берово – Струмица поради обилните врнежи од снег и паднати дрвја на патот.