Од Општина Босилово информираат дека утре (вторник, 7 ноември), во периодот од 08:30 до 16:30 часот патниот правец од Иловица и Штука кон Турново ќ биде затворен за сообраќај, поради асфалтирање на истиот. За итни потреби може да се користи полскиот пат од Штука до Секирник.