По 24-часовното гласање преку социјалната мрежа Фејсбук, струмичанецот Павле Витанов обезбеди влез во финалето на популарното балканско ТВ шоу „Никогаш не е доцна“ на Гранд продукцијата.
Жирито од првата полуфинална вечер одбра пет кандидати, а шестиот го бира публиката. Само еден од вкупно осум имаше можност за да оди во финале. Публиката со 36.6% од гласовите на Фејсбук одлучи тоа да биде Павле Витанов од Струмица.
Од втората полуфинална вечер во недела ќе бидат избрани уште шест натпреварувачи, кои заедно со шестмината од првата полуфинална вечер, вклучувајќи го и Павле, во финалето на 2 јули ќе се натпреваруваат за најдобриот пејач во оваа сезона на шоуто „Никогаш не е доцна“.