сабота, 17 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Отворена е Сензорна соба во новата Детска градинка „Виножито“

понеделник, 22 јануари, 2024 | 15:04
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Отворена е Сензорна соба во новата Детска градинка „Виножито“
Отворена е Сензорна соба во новата Детска градинка „Виножито“
Отворена е Сензорна соба во новата Детска градинка „Виножито“
Отворена е Сензорна соба во новата Детска градинка „Виножито“
Отворена е Сензорна соба во новата Детска градинка „Виножито“
Отворена е Сензорна соба во новата Детска градинка „Виножито“
Отворена е Сензорна соба во новата Детска градинка „Виножито“
Отворена е Сензорна соба во новата Детска градинка „Виножито“
Отворена е Сензорна соба во новата Детска градинка „Виножито“
Отворена е Сензорна соба во новата Детска градинка „Виножито“
Отворена е Сензорна соба во новата Детска градинка „Виножито“

Во Детската градинка „Виножито“ беше ставена во функција Сензорна соба – место за индивидуална работа и правилна едукација на дечињата со потешкотии во развојот. Со ова во новата Детска градинка на секое дете со сензорен дефицит ќе му се овозможи сензорна стимулација. Ова Сензорна соба е донација од Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија.

На денешното официјално отворање на Сензорната соба во „Виножито“ присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и донаторот, амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо.

„Има една поговорка во Македонија, оние кои сеат добра волја ќе жнеат и добра волја. Очекувам дека вакви „мали но убави“ проекти како сензорната соба ќе изградат уште повеќе мостови за меѓусебно разбирање и пријателство меѓу двата народи. Ја користам оваа прилика за да се заблагодарам на министерката Тренчевска, градоначалникот Костадинов и сите наставници за вложените напори за реализирање на овој проект“, кажа амбасадорот Џанг Ѕуо.

За градоначалникот Костадинов денеска е убав ден за Струмица, како што вели, имајќи ја во предвид силната соработка што како општина ја имаме со Министерството и Владата на Република Северна Македонија, но и добриот партнерски и пријателски однос којшто го имаме со Амбасадата на Народна Република Кина.

„Како општина постојано вложуваме и труд и сериозни средства во однос на подобрување на инклузијата во училиштата и на децата од предучилишна возраст и генерално сеопфатна инклузија преку најразлични социјални услуги што ги даваме како општина и секако тука не застануваме. Во конкретниот случај станува збор за донација на сензорна соба. Во општина Струмица веќе постојат три сензорни соби во основните училишта „Сандо Масев“ и „Видое Подгорец“ и навистина тоа ја пушта силната порака дека без разлика какви и да имаме разлики, како општина, општинска администрација или Совет, за нас сите се важни и битни“, кажа градоначалникот Костадинов, упатувајќи благодарност до Амбасадата на Народна Република Кина за донацијата и за придобивките од соработката со Институтот Конфуциј, а која им овозможи на струмичките деца да учат кинески јазик.

„Во доменот на сензорни соби, нашата посветеност на процесот на инклузија е очигледна и за тоа е показател внимателниот избор на опрема за сензорните соби како што се ѕидови со вода со меурчиња, тешки ќебиња и пени за терапија – секоја приспособена да одговори на различните сензорни потреби на корисниците. Овие простори не се само соби, тие се безбеден простор каде секое дете може да напредува, без оглед на нивните уникатни предизвици“, кажа министерката Тренчевска.

Сензорните соби се опремени со модерна опрема која вклучува: пластични провидни топчиња со базен, акрилно огледало, воден ѕид со меурчиња со интегрирана воздушна пумпа и извори на светлина, тешко ќебе, терапевтски пени за сензорна стимулација, LED интерактивен светлечки тепих, трамболина со прицврстен држач и слично.

ShareTweetShare
Previous Post

Adient повторно со титула за најдобар работодавец

Next Post

Во петок Книжевен разговор со Наташа Сарџоска во Europe House во Струмица

Related Posts

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност
Вести

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност

вторник, 13 мај, 2025 | 11:36
Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница
Вести

Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница

вторник, 13 мај, 2025 | 10:04
МВР: Во Копаница пронајден пиштол кој потекнува од кражба извршена во домот на убиената М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.
Вести

На Кванташки пазар автомобил удрил во пешак

понеделник, 12 мај, 2025 | 17:22
Изгоре викендица во Раборци
Вести

Изгоре викендица во Раборци

понеделник, 12 мај, 2025 | 13:02
Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Вести

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате

понеделник, 12 мај, 2025 | 08:43
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Вести

Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски

недела, 11 мај, 2025 | 22:34

ТОП ВЕСТИ

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Во Струмица се одржа 53-от Државен тракторски натпревар – најдобри домаќините од средното училиште „Димитар Влахов“

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 22 мај ќе биде промовирана книгата „Раскази од Пирго – монографски приказ на општина Ново Село“
Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist