Општинскиот Изборен штаб на кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова во Струмица оствари средби со граѓани од Втората месна заедница и во посебна средба со граѓаните од Четврта и Петта Месна заедница. Во меѓувреме остварени се средби со неколку здруженија на граѓани кои се запознаваат со основите на програмските документи, информираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, најавувајќи дека вечерва во Охрид ќе се одржи Централен митинг со што официјално ќе ја започнат кампањата за Парламентарните избори 2024.
На почетокот од кампањата за Парламентарните избори, Општинскиот Изборен штаб најавува повеќе активности. Голем народен митинг во Струмица е закажан на 30 април. Многу средби низ кои ќе оствари контакти со сите заедници и здруженија на граѓани и со поединци, ќе ги посети и запознае граѓаните со своите идеи и решенија од изборната Програма.
Од Општинскиот Изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ велат дека се задоволни од посетеноста на сите свои настани, од квалитетот на остварените средби и од текот на организираните настани и промоција.