сабота, 12 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Општините Струмица и Кочани потпишаа Меморандум за соработка

среда, 23 април, 2025 | 15:59
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Општините Струмица и Кочани потпишаа Меморандум за соработка

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и ВД градоначалникот на општина Кочани, Венко Крстевски, денеска потпишаа Меморандум за соработка и ги дефинираа областите во коишто ќе биде пренесено искуството и знаењето од Општина Струмица на Општина Кочани.

Двајцата градоначалници имаа работен состанок со раководителите на Сектори при Општина Струмица на кој се презентираше работата и динамиката на нивните активности, ги споделија искуствата и знаењето, се разговарше за можноста на асистенција од страна на инспекциските служби од Струмица на колегите во Кочани, помош од страна на планери, архитекти и градежни инженери.

„Тоа беа темите на коишто ставивме фокус, а го споделивме и моментот со наредбата издадена од моја страна од 21.03.2025 година за што веќе се водат постапки кон 24 правни лица најголем дел угостители, еве и јавно изразувам благодарност кон оние угостители коишто сами постапуваат и нема да има казни кон нив и нема да има пријава до државниот пазарен инспекторат, но за одредени угостителски објекти веќе е известен овој инспекторат и се спремаат решенијата за ништовност на одобренијата за користење на јавна површина, ги запазуваме законските рокови и се подготвуваме за рушење најкасно до средината на месец јуни. Од трагедијата во Кочани неможе само да тажиме и жалиме, туку треба и да научиме нешто“, кажа градоначалникот Костадинов.

Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски се заблагодари за подадената рака до градоначалникот Костадин Костадинов, општина Струмица, струмичкиот народ и до сите луѓе во државата коишто и помогнаа на општина Кочани во овие тешки времиња.

„Ситуацијата е таква што ни треба и институционална помош, помошта од граѓаните ја добиваме секојдневно, но нас ни фали и помош од институциите. Нашата општина во рамките на самата институција е сардисана во делот на инспекциски служби и подадената рака за градежни инспектори ја прифаќаме и сакаме истите позитивни пракси да ги примениме од општина Струмица и како што кажа градоначалникот на Струмица од оваа несреќа треба да извлечеме поука, а поуката е дека јавната површина е јавен интерес и нема да имаме никаква толеранција спрема угостителски објекти коишто го узурпираат јавниот интерес и се безбедносен проблем. Со потпишувањето на Меморандумот ќе имаме логистичка помош, ќе имаме насоки од страна на општина Струмица во делот на нивното позитивно искуство и се надевам дека истото ќе го примениме во Кочани и ќе успееме да постигнеме резултати коишто ќе бидат во интерес на народот. Би сакал да апелирам до сите државни институции и до сите други општини дека на Кочани му е потребна помош. Ние се соочивме со трагедија која не беше само трагедија за Кочани, тоа е трагедија за целата држава и се надевам дека и другите ќе ни понудат вакви иницијативи и Владата ќе ни излезе во пресрет за нашите потреби и барања и ќе успееме да го издигнеме Кочани кој се наоѓа во очајна состојба“, градоначалникот Крстевски.

ShareTweetShare
Previous Post

Струмичанецот Никола Маџиров и американската џез композиторка и пејачка Бека Стивенс го отворија поетскиот салон на Фестивалот на светската литература и уметност во Њујорк

Next Post

Во сабота низ улиците на Струмица свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

Related Posts

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила
Василево

Попладнево избувнал пожар кај Владевци – интервенирале 28 пожарникари со 7 противпожарни возила

четврток, 10 јули, 2025 | 22:56
Пет лица од Баница добија 30-дневен притвор за напад на полициски службеник
Вести

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство

четврток, 10 јули, 2025 | 18:03
Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Синоќа полицијата приведе 21-годишно момче – во неговиот автомобил пронајде марихуана

четврток, 10 јули, 2025 | 16:18
Возило излетало од патот Струмица – Валандово, 63-годишен струмичанец тешко повреден
Вести

Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка

четврток, 10 јули, 2025 | 15:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Тешко повреден велосипедист – излетал од патот

четврток, 10 јули, 2025 | 14:37
Избувна пожар на планината Беласица – по брзата интервенција пожарот е изгаснат
Вести

Избувна пожар на планината Беласица – по брзата интервенција пожарот е изгаснат

среда, 9 јули, 2025 | 16:36

ТОП ВЕСТИ

Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство
Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка
Владата прогласи кризна состојба на територијата на цела држава

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist