недела, 25 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Општина Струмица поставува хиперлокална мрежа од сензорски монитори за откривање жаришта и извори на загадување на воздухот

четврток, 8 мај, 2025 | 16:37
in Вести, Струмица
Општина Струмица поставува хиперлокална мрежа од сензорски монитори за откривање жаришта и извори на загадување на воздухот

Од денеска Општина Струмица започна да поставува хиперлокална мрежа од сензорски монитори која овозможува брзо и ефикасно, во било кој временски период, откривање на жаришта и извори на загадување на воздухот. На шест локации во градот Струмица се поставени сензорски монитори, а нивниот број ќе се зголемува.

На една од локациите каде што е поставен ваков монитор денеска беше градоначалникот Костадин Костадинов со професор д-р Сашо Манасов од Скопје, кој го предводи овој иновативен проект којшто општина Струмица го реализира во соработка со Конзорциум на компании и универзитети од Македонија, САД и Велика Британија.

„Поставувањето на ваквите монитори на микролокации ќе им овозможи по пат на апликација на граѓаните, а уште повеќе на иснпекциските служби на општина Струмица 24/7 да имаат веднаш анализа на потенцијалните жаришта на загадување. Ова значи дека не мора само со очи да ги гледаме оџаците, туку во секој момент да имаме анализа од што е загадено, од каде доаѓа загадувањето и инспекторите соодветно да постапуваат и доколку инспекторите не се во работно време тоа ќе имаат можност да го прават граѓаните. Со таквите сензори практично секој граѓанин станува инспектор во општина Струмица и тоа е навистина благодет. Ние треба да ги земаме позитивните практики од Европа и светот, такви сензорски монитори има во Милано, Лондон, Париз и од последните разговори коишто ги имавме со професорот Манасов, Лондон при имплементација на еден таков проект за 4 пати има намалување на аерозагадувањето, тоа е само поттик кон мене и кон службите во општина Струмица и секако и до граѓаните дека оваа работа како и до сега треба многу сериозно да ја сработиме“, изјави Костадинов.

Според д-р Сашо Манасов, професор по компјутерски технологии и вештачка интелегенција, од 2014 година кога се креирало софтверско и хардверско решение за решавање на проблемот со загадувањето во урбани средини, нивните проекти се имплементирани во повеќе од 50 држави и повеќе од 90 метрополи во светот.

„Науката е јасна дека загадувањето на воздухот не е рамномерно распределено. Постојат жаришта на загадување на микро локации, каде концентрациите во тие жаришта се неколку пати повисоки од она што го покажуваат државните референтни станици, на пример во Струмица има една државна станица, којашто не може да ги открива жариштата на локации на целата територија на општина Струмица, туку само во нејзината околина“, рече професорот Манасов.

Започнувањето на функционирањето на Локалната мрежа за мерење на загаденоста на амбиенталниот воздух во општина Струмица беше презентирано и пред граѓаните во салата на Советот на општина Струмица.

ShareTweetShare
Previous Post

Во СВР Струмица одбележан Денот на македонската полиција

Next Post

Сеќавање: 8 години од смртта на светскиот музичар Зоран Маџиров

Related Posts

Денеска се празнуваат светите браќа Кирил и Методиј
Вести

Денеска се празнуваат светите браќа Кирил и Методиј

сабота, 24 мај, 2025 | 06:52
Во недела посебен режим на сообраќај во Струмица за време на трката „Сите за Кочани – Трчаме заедно“
Вести

Во недела посебен режим на сообраќај во Струмица за време на трката „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

петок, 23 мај, 2025 | 16:42
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Двајца струмичани тешко повредени откако со својот автомобил излетале од патот Градско – Прилеп

петок, 23 мај, 2025 | 14:32
Љубица Покрајчева од ВМРО-ДПМНЕ е нов советник во Советот на општина Струмица, таа доаѓа на местото на Тања Дедејска
Вести

Љубица Покрајчева од ВМРО-ДПМНЕ е нов советник во Советот на општина Струмица, таа доаѓа на местото на Тања Дедејска

петок, 23 мај, 2025 | 12:32
Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани
Вести

Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани

петок, 23 мај, 2025 | 07:11
Вести

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица вчера со срамна реакција го потврди тоа што го обелоденивме – велат струмичките Социјалдемократи

четврток, 22 мај, 2025 | 14:37

ТОП ВЕСТИ

19-годишно момче пронајдено мртво во нива кај Струмица
Струмичанецот Никола Маџиров е добитник на меѓународната награда за поезија „Н. К. Казер“
Католичката катедрала во Струмица слави 100 години од основањето – промовирана и Монографија

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани
Во четврток Промоција на „Разкази од Пирго“ – Монографски приказ на општина Ново Село
Денеска е Денот на пожарникарите – струмичките пожарникари ќе имаат симулациска вежба во училиштето „Никола Вапцаров“
Во сабота пазарите нема да работат поради празникот
Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist