четврток, 13 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

„Зелен институт“: Општина Струмица има современ пристап во управувањето и селекцијата на отпадот

среда, 5 април, 2023 | 16:07
in Вести, Струмица
„Зелен институт“: Општина Струмица има современ пристап во управувањето и селекцијата на отпадот

Во организација на „Зелен институт“, денеска во Струмица се одржа граѓански форум на тема: „Селекција на отпад за почиста животна средина“.

Според Лилјана Поповска од „Зелен Институт“, Општина Струмица има современ пристап во управувањето и селекцијата на отпадот и знае дека селекцијата е неизоставен дел од осовременувањето на градот, да биде чист и среден според високи еколошки стандарди.

„Слободно можеме да кажеме дека со еден микро проект се постигна макро ефект. Во трите општини од овој регион, Струмица, Ново Село и Босилово, гледаме голем напредок. Во Струмица е најголема разликата и за многу кратко време се постигна многу. Ова е разултат на волја, на разбирање и резултат од учење од други“, кажа Поповска.

Според анкетата што ја направила „Зелен Институт“ на територијата на општина Струмица, поголемиот број од граѓаните се подготвени да го селектираат отпадот и бараат услови од општината за да може тоа да го направат.

Градоначалникот Костадин Костадинов ги сподели искуствата на Општина Струмица во поглед на управувањето и селектирањето на отпад, истакнувајќи ги петте активности кои на тој план ги презедоа во последните два месеци, како и за неговата неодамнешна посета на Љубљана, во рамките на која го посетиле и Регионалниот центар за управување и селектирање на отпад.

Во општина Струмица засега 1200 домаќинства имаат можност да го селектираат отпадот. Тие неодамна добија „втора канта“ од ЈПКД „Комуналец“, кои селктираниот отпад го собираат секоја среда. За кратко време, од кога беа доставени кантите, собрани се 150 килограми пластика и 30 килограми лименки.

Од општината најавуваат дека наскоро ќе бидат поставени и 260 контејнери за селекција на пластика во колективните станбени објекти во градот Струмица, ќе бидат набавени и 20 полуподземни контејнери за мокра фракција, а во централното градско подрачје ќе бидат поставени и пластикомати.

ShareTweetShare
Previous Post

Општина Струмица и Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ потпишаа Меморандум за соработка

Next Post

УЈП со апел до граѓаните да не отвораат СМС пораки кои повикуваат на задолжителна пријава

Related Posts

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
Вести

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица

среда, 12 ноември, 2025 | 15:23
Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Вести

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување

среда, 12 ноември, 2025 | 13:47
„Комуналец“ започна акција за мапирање и чистење на мини дивите депонии во Струмица
Вести

„Комуналец“ започна акција за мапирање и чистење на мини дивите депонии во Струмица

вторник, 11 ноември, 2025 | 14:11
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Вести

На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“

понеделник, 10 ноември, 2025 | 20:46
ЈПКД „Комуналец“ ја реализираше есенската викенд акција за почисти улици и апелира до граѓаните за повисока совесност
Вести

ЈПКД „Комуналец“ ја реализираше есенската викенд акција за почисти улици и апелира до граѓаните за повисока совесност

понеделник, 10 ноември, 2025 | 13:42
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Вести

Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

понеделник, 10 ноември, 2025 | 11:07

ТОП ВЕСТИ

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица
Хуманитарен „Концерт на добрината – За Нина“ во организација на „Елеуса Фондација“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist