Општина Струмица го објави Јавниот повик до спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот од општина Струмица за распределба на средства од Буџетот за 2023 година.
Право на конкурирање имаат спортските здруженија и други правни лица во областа на спортот кои имаат решение од Агенција за млади и спорт за вршење дејност спорт, а кои се формирани и делуваат на територијата на општина Струмица.
Пријавувањето трае до 06.03.2023 година, а дополнителни информации може да се најдат во Јавниот повик на следниот линк >>>