Недела, 28 Мај 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Василево

Општина Василево се збратими со општина Понтенуре во Италија

Недела, 14 Мај, 2023 | 17:47
во Василево, Вести, ТОП ВЕСТИ
Општина Василево се збратими со општина Понтенуре во Италија
Општина Василево се збратими со општина Понтенуре во Италија
Општина Василево се збратими со општина Понтенуре во Италија
Општина Василево се збратими со општина Понтенуре во Италија
Општина Василево се збратими со општина Понтенуре во Италија
Општина Василево се збратими со општина Понтенуре во Италија
Општина Василево се збратими со општина Понтенуре во Италија
Општина Василево се збратими со општина Понтенуре во Италија
Општина Василево се збратими со општина Понтенуре во Италија
Општина Василево се збратими со општина Понтенуре во Италија
Општина Василево се збратими со општина Понтенуре во Италија

Општина Василево и италијанската општина Понтенуре се збратимија. Двајцата градоначалници Славе Андонов и Манола Групи денеска во зградата на општината Понтенуре потпишаа Акт за збратимување.

„Многу едноставно сакам да ви кажам дека сме среќни и почестени што ве имаме како наши гости, што го споделуваме со вас овој свечен момент на потпишување на Актот за збратимување, што можеме да бидеме заедно во часовите што следат, кои се разбира дека ќе бидат свечени, но подеднакво важни бидејќи ќе ни овозможат да се запознаеме и да ги поставиме основите на нашата идна соработка. Станува збор за веќе жива и плодна соработка со македонската заедница која живее во Понтенуре и во  провинцијата. Многумина од нив добија италијанско државјанство, други ќе го добијат, но она што е најважно е што со текот на годините што живеат покрај нас, оваа заедница покажа восхитувачка трудољубивост, искрена подготвеност да дејствува за општото добро, големо почитување на правилата на соживот, истрајна волја за активно интегрирање во општественото ткиво, збогатувајќи го со предлози и иницијативи“ – кажа во своето обраќање градоначалничката на Понтенуре, Манола Групи на свеченоста што ја приредија за гостите од општина Василево.

За градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов новите пријателства и воспоставени релации секогаш претставуваат нови можности за соработки и продлабочување на воспоставените комуникации. Токму ова денешно официјално збратимување со Понтенуре се темели на една таква иницијатива, од пред една година, поттикната од нашите Македонци кои живеат во Понтенуре.

„Намерата е во интерес на граѓаните од двете општини да се развие дијалог и да се зацврсти соработката. Да се разменуваат искуства и преку реализирање на заеднички активности и проекти, делувајќи во атмосфера на доверба и дух на солидарност да се придонесе за заеднички развој. Се надевам дека заедно ќе настапиме пред развојните европски фондови, кадешто треба да бидеме инвентивни при подготовка на нашите проекти. Се надевам дека ова збратимување ќе не поврзува со векови и покрај илјадниците километри што не разделуваат сепак ќе трае и ќе се одржува низ времето“ – кажа градоначалникот Андонов.

Двете општини планираат да создадат трајни и нераскинливи соработки и релации во сите области на општественото живеење, од туризам, преку култура, спорт, традиција…

Како што кажа градоначалничката на Понтенуре, „Не би сакала да летам премногу високо, но со ова збратимување би сакале да се обидеме да ставиме една тула во изградбата на Европа која ќе биде вистинска заедница на народи“.

Општина Понтенуре е мала општина, слична на општината Василево со околу 6.500 жители. Се наоѓа во провинцијата Пјаченца во италијанскиот регион Емилија-Ромања на околу 140 километри северозападно од Болоња.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Пионерите на ОК „Струмица Никоб“ државни прваци

СЛЕДНА ОБЈАВА

Во Иловица ечеа зурли, тапани, се играа ора, се пееше – Фолклорен Фестивал „Св. Атанасиј 2023“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во прекин патниот правец Струмица – Валандово на Валандовско брдо
Вести

Во прекин патниот правец Струмица – Валандово на Валандовско брдо

Сабота, 27 Мај, 2023 | 19:23
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

Тешко повреден работник додека извршувал градежни работи

Сабота, 27 Мај, 2023 | 16:53
Приведен крадец во Струмица
Вести

Приведен крадец во Струмица

Сабота, 27 Мај, 2023 | 15:17
Во недела по 12-ти пат ќе се одржи планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“
Василево

Во недела по 12-ти пат ќе се одржи планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“

Сабота, 27 Мај, 2023 | 12:13
Во струмичкиот Музеј е поставена изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“
Вести

Во струмичкиот Музеј е поставена изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“

Сабота, 27 Мај, 2023 | 10:31
Во Струмица имаше Фестивал на староградски песни и серенади
Вести

Во Струмица имаше Фестивал на староградски песни и серенади

Петок, 26 Мај, 2023 | 11:42

ТОП ВЕСТИ

Кристина Зимбакова меѓу 60-те уметници на Софискиот фестивал за хартиена уметност
Општина Струмица додели Плакети и Признание на најдобрите просветни работници во чест на браќата Кирил и Методиј
Исчистен е просторот од некогашната „маларична“ болница, теренот е подготвен за изградба на спортско игралиште и паркинг

ВЕБ БИЛБОРД

„Sugarland“ бара продавачи на сладолед „Sugarland“ бара продавачи на сладолед
Студиото за убавина „Престиж“ Струмица има потреба од физиотерапефт Студиото за убавина „Престиж“ Струмица има потреба од физиотерапефт
АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Возач на камион АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Возач на камион
АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Продажен референт – Комерцијалист АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Продажен референт – Комерцијалист
СЕ ИЗДАВА дуќан на струмичкото корзо СЕ ИЗДАВА дуќан на струмичкото корзо
Бутиците „УНО“ и „БРЕНД“ бараат продавачка Бутиците „УНО“ и „БРЕНД“ бараат продавачка
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
„ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка „ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка
Компанијата НИПРОМ вработува Компанијата НИПРОМ вработува
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

ВЕСТИ од Македонија

За првпат во Македонија ќе се одржи светски реномиран натпревар за сценски изведувачи

Денеска се празнуваат светите браќа Кирил и Методиј

Почина легендарниот музичар Ферус Мустафов

НАЈАВА

Во Музејот во Струмица на 26 мај Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“
На 24 мај Изложба на фотографии „Во мир и тишина“
Изложба на иконовидни слики на тема „Светлина“ на Запро Запров
На 25 мај по 13-ти пат Фестивалот „Под кулите на Струмица“
Обвинителката Лидија Вукичевиќ на 27 мај доаѓа во Струмица

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist