Општина Босилово за празниците Бадник и Божиќ ќе подели 40-тина прехранбени пакети на семејства кои се од социјално ранлива категорија. Пакетите се дел од акцијата „Празници за сите – Божиќ за сите“, во која се вклучија неколку општествено-одговорни компании, информираше денеска градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев.