Со цел подобрување на системот за собирање на отпадот, Општина Босилово доби 19 контејнери за собирање пластика од Министерството за животна средина и просторно планирање, информираат од општината. Контејнерите ќе бидат поставени низ населените места на соодветни локации.