Натпреварот од 13-то коло помеѓу ОК „Наковски Волеј“ Струмица и ОК „Вардар ЕМ“ Скопје кој требаше да се одржи вечерва е одложен за 18-ти декември (понделник) во 20:00 часот во Спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица.
Како што информираат од струмичкиот клуб натпреварот е одложен поради здравствени причини на голем број одбојкарки и не се во можност да настапуваат за своите тимови поради што го презакажуваат за во понеделник.