Од 6 до 9 ноември 2025 година, во хотел „Сириус“ во Струмица ќе се одржи Осмиот меѓународен симпозиум по археологија на тема „Теракота и грнчарија – Од Енкиду до зграфито“, во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица, а со поддршка од Министерството за култура.
Настанот ќе трае два работни дена, а ќе учествуваат дваесет археолози од седум земји, кои ќе се претстават со вкупно 16 научни презентации. Симпозиумот претставува можност за размена на знаење, искуства и современи археолошки интерпретации во духот на меѓународната научна соработка.
Целта на симпозиумот е да иницира академска дебата за потеклото, развојот и културното значење на керамиката и керамичките предмети низ времето и просторот.




























