вторник, 3 октомври 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Вести

Од утре до 9 јуни во Струмица „Classic International Festival Strumica 2023“

среда, 31 мај, 2023 | 14:34
во Вести, Струмица

Од утре до 9 јуни во Струмица ќе се одржува вториот „Classic International Festival Strumica 2023“. Идејниот творец и селектор на фестивалската програма, проф. м-р Васил Атанасов денеска во присуство на своите соработници одржа прес конференција најавувајќи ја програмата на годинашниот фестивал на класичната музика во Струмица.

На три локации ќе се одржат пет концерт на врвни музичари од Македонија, Бугарија, Србија и Словенија, а освен солистичка и хорска музика ќе има и камерна музика.

Официјалното отворање на фестивалот е утре во 20:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“, а веднаш потоа е првиот концерт на Дуо „Селена“ – Келтски харфи, односно Кохар Андонијан и Лилијана Стоева од Бугарија.

Вториот концерт е во сабота, 3 јуни од 20:00 часот во Црквата „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ каде свој концерт ќе одржи македонскиот мешан хор „Мелизма“, под диригентство на Марија Андонова.

Следниот концерт е на 5 јуни (понеделник) од 20:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“. Од Србија доаѓаат „ДУО“ виолина-клавир со Јована Богосављевиќ и Бојан Младеновиќ.

Фестивалот „Classic International Festival Strumica 2023“ продолжува на 7 јуни (среда) од 20:00 часот во Градската Уметничка галерија на струмичкиот плоштад со концерт „Трио сопран, кларинет, пијано“ во изведба на нашите врвни музичари Марија Наумовска Бакревски – сопран, Игор Бакревски – кларинет и Иван Еминовиќ – диригент.

На последниот ден од второто издание на фестивалот во Центарот за култура, петок 9 јуни во 20:00 часот, со свој концерт ќе настапи „Клавирско дувачко трио“ од Љубљана, Словенија во состав Јоже Котар – кларинет, Зоран Митев – фагот и Лука Ферини – пијано.

„Струмица е град со традиција и историско културно наследство од сите сфери, град кој ја сака музичката уметност, театарот, филмот, сликарството и културата воопшто и има убава традиција на културни настани. Со овој фестивал сметаме дека ќе го збогатуваме културното живеење на Струмица и регионот, бидејќи градот го заслужува тоа не само заради традицијата која ја има, туку и заради местоположбата на градот со соседите со што ќе стане уметнички центар на Балканот“, кажа професорот Атанасов упатувајќи јавна благодарност до градоначалникот Костадин Костадинов и Советот на општината Струмица кои се покровители на овој фестивал.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Фондацијата „Елеуса“ по втор пат организираше проекција на филмот „Што е жена“ на Мет Волш

СЛЕДНА ОБЈАВА

По втор пат „Вело Струмица“ на 1, 2 и 3 јуни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој вторник „одиме на кино“ во Центарот за култура
Вести

Секој вторник „одиме на кино“ во Центарот за култура

вторник, 3 октомври, 2023 | 11:29
Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание
Вести

Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание

понеделник, 2 октомври, 2023 | 21:33
Дваесеттина домаќини/ки испекоа околу 500 килограми црвена пиперка, направија домашен ајвер на „Ајверијада 2023“
Босилово

Дваесеттина домаќини/ки испекоа околу 500 килограми црвена пиперка, направија домашен ајвер на „Ајверијада 2023“

понеделник, 2 октомври, 2023 | 17:04
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Вести

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев

понеделник, 2 октомври, 2023 | 16:24
Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково
Василево

Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково

понеделник, 2 октомври, 2023 | 15:39
Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Вести

Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“

понеделник, 2 октомври, 2023 | 10:05

ТОП ВЕСТИ

Дваесеттина домаќини/ки испекоа околу 500 килограми црвена пиперка, направија домашен ајвер на „Ајверијада 2023“
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри

ВЕБ БИЛБОРД

Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон
Барам под наем канцеларија во градот Струмица Барам под наем канцеларија во градот Струмица
Фризерски салон вработува Фризерски салон вработува
„ДИТОДОРО“ Струмица вработува „ДИТОДОРО“ Струмица вработува
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Секој вторник „одиме на кино“ во Центарот за култура
Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Во понеделник без струја Радичево, Владевци, Дукатино, Сушево
Филмот „Света Петка – крст во пустината“ на 5 октомври ќе се прикажува во Струмица
Изложба на 3 октомври – „Битово ехо” од Стојмен Ѓорѓиевски – Туме

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist