Вчера во СВР Струмица било пријавено дека во круг на фирма во Градско Балдовци од струен удар починал Р.М.(60) од Струмица. Според пријавеното, Р.М. се здобил со повреди од струен удар додека извршувал работни задачи и од здобиените повреди починал на местото, информираат од струмичката полиција. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.