Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека под влијание на влажен бран во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.), што ќе услови значително намалување на дневната температура за 5 до 8 степени.
Од вторник ќе преовладува умерено облачно време со услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.